ФА на Англија и Премиер лигата го кренаа гласот: Фудбалери, престанете да се гушкате!

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалската асоцијација на Англија и Премиер лигата апелираа до фудбалерите да престанат да се гушкаат за време на прославата на головите со цел да се намали ризикот од ширење на коронавирус.

Во изминатите неколку дена, сè повеќе луѓе се заразуваат меѓу професионалните фудбалери, некои натпревари во Премиер лигата се откажани, па дури се зборуваше и за прекинување на сезоната.

Забележано е, на пример, дека Фил Фоден ги прегрнувал и бакнувал своите соиграчи за време на „прославата“ на голот против Брајтон во средата, додека Хари Кејн се држеше на дистанца по голот кон Фулам, удирајќи се рака со рака со соиграчите.

– Треба да бидеме внимателни каква порака испраќаме. Ние сме луѓе кои нацијата ги следи во овие тешки моменти и сите мора да бидеме одговорни, да се држиме на дистанца – рече Кејн.

ФА на Англија ги потсети играчите на ковид протоколот, кој важи од јуни и проектот за рестартирање, што го заборавија. Тој предвидува жолти и црвени картони во случај на непочитување на мерките за дистанцирање.

– Со сето придржување кон нашиот протокол, заедно со активното тестирање, убедени сме дека ќе ја завршиме сезоната до мај како што беше планирано. Фудбалерите мора да бидат одговорни во критичниот период и да ги почитуваат сите владини правила и протоколи – соопшти ФА на Англија.

Слични содржини