Фабрегас: Веќе осум години не разговарам со Гвардиола

од Stefanija Kuzmanovska

Цеск Фабрегас откри дека осум години не разговара со Пеп Гвардиола, додека тој и денес е голем пријател на Хозе Мурињо.

Летото 2011 година, Гвардиола направи се за да го убеди Фабрегас да го напушти Арсенал и да се пресели во Барселона, што на крајот се случи. Сепак, во 2012 година, шпанскиот стручњак се пресели во Баерн, а Фабрегас не остана долго на Ноу Камп.

Иако досега им беа вкрстени патиштата, двајцата повеќе не разговарале.

„Не, никогаш повеќе не разговарав со Гвардиола. Не знам дали разочарувањето е заемно. Некои работи се случија, но јас не би зборувал за нив. Пеп беше мој пример кога бев момче, од него научив најмногу за фудбалот “, изјави Фабрегас.

Кога ја напушти Барса, работеше со Мурињо во Челси и веднаш ја освои титулата првак на Англија.

„Мурињо најмногу ме инспирираше кога ја напуштив Барса. Тој ми рече дека имавме недоразбирања на теренот кога тој беше во Челси, а јас во Арсенал, а потоа повторно кога тој го водеше Реал, а јас играв за Барселона. Но, што се однесува до него, тоа е зад нас и тој би сакал да свртиме нов лист “, рече шпанскиот играч, додавајќи:

„Тој ми кажа за проектот што го подготви и решив да одам таму. Само на мене беше да одлучам, избрав што е најдобро за мене и не ме интересираше многу што ќе кажат луѓето. Тоа беше професионална одлука. И денес се допишувам со Хозе, го сметам за пријател. Тој многу ми помогна во тешките моменти од мојата кариера и ја одиграв најдобрата сезона со него“.

Шпанскиот фудбалер во моментов е член на Монако.

Слични содржини