Фабриката Tesla во Шангај произведе милион автомобили за три години

од Vladimir Zorba

Гигафабриката на американскиот производител на автомобили Tesla во Шангај, Кина произведе еден милион возила за три години, што означи пресвртница, соопшти денеска компанијата, пренесе Ксинхуа.

Основана во 2019 година, гигафабриката Tesla во Шангај е првата гигафабрика на производителот на автомобили надвор од САД, со стапка на локализација на индустрискиот синџир од повеќе од 95 отсто и 99,99 отсто од кинеските вработени.

Според податоците на Tesla China, фабриката во Шангај, важен извозен центар за Tesla, извезла 97.182 автомобили во периодот јануари-јуни, во споредба со 41.770 единици во истиот период минатата година.

Во јуни Tesla испорача рекордни 77.938 возила во Кина, што е за 177 отсто повеќе од претходната година. Гигафабриката Шангај произведе речиси 300.000 возила во првата половина од оваа година, според Ксинхуа.

Слични содржини