FaceApp заработи милион долари за само 10 дена

од desk2

Апликацијата за модификација на селфијата – FaceApp, која меѓу другото ја има функцијата да го “остари” лицето на фотографијата, заработила милион долари за само 10 дена, објави американското бизнис списание Forbes.

Приходите се направени и покрај предупредувањата на американските политичари и нивните апели до граѓаните да не ја користат оваа апликација произведена во Русија.

Апликацијата, која користи вештачка интелигенција (AI), развиена од руската компанија Wireless Lab, се прошири како вирус минатата недела по речиси три години постоење, објави RT.

Меѓутоа, додека корисниците на социјалните мрежи, вклучувајќи и многу познати личности, почнаа да ги споделуваат своите фотографии изменети со помош на филтри за стареење, американски сенатор на демократите, Чак Шумер, се заложил FBI да поведе официјална истрага за апликацијата, поради наводните ризици за државна безбедност и приватност.

Имено, податоците на компанијата покажале дека од 9-ти до 19-ти јули апликацијата заработила милиони долари, што е речиси 10 проценти од нејзините досегашни вкупни приходи, и дека е преземена 6,5 милиони пати.

Иако бројот на корисници на Apple кои ја преземале апликацијата бил половина помал од корисниците на Android (два милиони во споредба со 4,5 милиони), тие најмногу придонеле за најновите приходи на компанијата.

Поточно, филтрите во апликациите се всушност бесплатни, но корисниците мора да платат за да се ослободат од реклами и воден печат на нивните фотографии и да добијат пристап до дополнителни филтри. Основачот на компанијата кој стои зад апликацијата, Јарослав Гончаров, одби да коментира за извештајот на Forbes.

Слични содржини