Facebook го реализира својот план: Соединувањето на Instagram и Messenger започна

од Vladimir Zorba

Пред повеќе од една и пол година, Facebook го објави својот план да ги обедини своите платформи за разговор, со цел да им овозможи на корисниците да кореспондираат едни со други, без разлика која апликација ја користат.

Планот предизвика бес кај многу регулатори низ целиот свет затоа што веруваат дека тоа би можело да ја загрози приватноста на корисниците, но и да му овозможи на Facebook да создаде уште посеопфатни профили со кои ќе се постигне насочено рекламирање.

Но, очигледно од Facebook решиле да ги игнорираат потенцијалните истраги и казни и да продолжат со целиот процес. Имено, корисниците во САД започнаа да добиваат известувања при отворањето на апликацијата Instagram.

„Има нов начин за допишување на Instagram“, се вели во известувањето повикувајќи на ажурирање на апликацијата, со цела низа карактеристики што ги носи оваа вест. Така, особено се издвојуваат „новиот шарен изглед на разговорите“, „реакциите со емоџи“, „преписката со пријателите кои се на Facebook“. Во известувањето се вели дека „дури и ако не се ажурирате, можете да започнете да примате барања за допишување од вашата сметка на Facebook“.

Оние кои одлучуваат да ја ажурираат апликацијата, ќе забележат дека иконата Messenger се појави во горниот десен агол наместо иконата за хартиен авион. Но, и покрај ажурирањето, сè уште не е можно да се испрати порака на некој на Facebook од Instagram.

Очигледно тоа би можело да се промени наскоро, доколку Фејсбук продолжи со својот план да ги обедини платформите. Ќе видиме во следните неколку недели како ќе реагираат различни регулатори на ова, особено оние во ЕУ.

Слични содржини