Facebook Messenger ќе ни овозможи да одговорaме на индивидуални пораки во групни разговори

од Vladimir Zorba

Софтверските инженери на Facebook се подготвуваат за иновација во мобилната апликација, што во голема мера ќе ја олесни комуникацијата во групни разговори. Новата верзија на Messenger ќе ни овозможи да одговориме на конкретни пораки од учесниците во разговорот, наместо последната која е испратена во разговорот. Ова ќе ви овозможи да одговорите побрзо до различни луѓе во групниот чат и истовремено да одржите неколку дискусии во Facebook Messenger.

Претстојното ажурирање ќе понуди функција со која долго притискање на пораката на која сакаме да реагираме, го стартува „Reply“ копчето. Ова ќе биде можно за фотографии, видео клипови, GIF и други мултимедијални содржини што ги споделуваме во групни разговори. Вашиот одговор нема да пречи да се покажуваат пораките од другите учесници во разговорот, а оригиналниот пост исто така ќе продолжи да биде видлив во разговорите, пренесе „VentureBeat“.

Новата функционалност е развиена за да се олесни максимално комуникацијата во групни разговори, но ќе биде достапна и за чатови, во кои учествуваат само двајца. Facebook веќе го шират ажурирањето и најверојатно до неколку дена ќе биде достапно за сите регистрирани профили. На прв поглед оваа функција не звучи како сериозна надградба, но сигурно ќе им се допадне на корисниците кои често комуницираат со многу луѓе во Facebook Messenger од своите уреди.

Слични содржини