Facebook отстрани кампања на антиваксери: Инфлуенсери добиле пари за да шират дезинформации за вакцината

од Stefanija Kuzmanovska

Facebook затвори мрежа на сметки од Русија поврзани со маркетинг фирма која ангажирала влијателни луѓе да објавуваат содржини против вакцинација.

Од седиштето на компанијата соопштија дека поради кршење на политиката на Facebook против мешање на странски држави, забрането е користење на сметки поврзани со Fazze, подружница на маркетинг компанијата AdNow од Велика Британија, која примарно работеше од Русија, пренесe Ројтерс.

Во соопштението, Facebook наведува дека Аднов ги користел своите платформи првенствено за да влијае врз корисниците во Индија, Латинска Америка и во помала мера во Соединетите држави.

Истражителите на Facebook ја нарекоа кампањата „перална за дезинформации“ бидејќи форуми како што се „Reddit“, „Medium“ и „Change.org“ објавија содржини што ја мамат јавноста и користеле лажни сметки на платформи како Facebook и Instagram за да ги шири нејзините невистини.

Во последните месеци на социјалните мрежи се појавија теории на заговор за коронавирусот и вакцините, а администрацијата на претседателот Бајден ги критикуваше големите технолошки компании како Facebook дека дозволиле да се шират лаги за вакцините и со тоа ја отежнува борбата против пандемијата.

Слични содржини