Почетна / Магазин / Наука и технологии / Facebook Pay ви овозможува бесплатно испраќање пари во Instagram, WhatsApp и Messenger

Facebook Pay ви овозможува бесплатно испраќање пари во Instagram, WhatsApp и Messenger

Facebook официјално ја претстави својата нова услуга за мобилно плаќање, за која се очекува да ги охрабри корисниците да испраќаат пари до своите пријатели. Платформата се нарекува Facebook Pay и е специјално дизајнирана за апликациите Facebook, Messenger, WhatsApp и Instagram. Голема предност на услугата е тоа што ги елиминира дополнителните такси за трансферите. Потрошувачите исто така ќе можат да купуваат преку Интернет додека користат Facebook Pay.

За разлика од претходната функција за плаќање со името Payments, новата услуга може да обработува барања за кредитни картички и да води историја на сите трансакции. Facebook Pay треба да се постави индивидуално од која било мобилна апликација што ја поддржува. Платформата нема да чува пари на онлајн сметка, туку средствата ќе бидат префрлани директно од вашата банкарска сметка. Facebook Pay ќе ви овозможи да купувате од Facebook Marketplace.

Компанијата додаде дека покрај популарните кредитни картички како Visa и Mastercard, таа обезбедила вклучување на надворешни партнери како PayPal и Stripe, пренесува BusinessInsider. Премиерата на овој производ доаѓа откако Facebook очекува регулаторите да ја одобрат нивната криптовалута Libra. Ова значи дека засега тие ќе се фокусираат на паричните трансфери, но во иднина се надеваат дека потрошувачите ќе ја претпочитаат нивната виртуелна валута.

loading...