Фаик Арслани избран за в.д. претседател на Врховиот суд

од Vladimir Zorba

Судскиот совет на денешната седница го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател на Врховниот суд.

Одлуката за разрешување од позицијата во највисокиот суд и судија во Врховниот суд е поради нестручно и несовесно постапување.

За в.д. претседател на Врховниот суд е избран врховниот судија Фаик Арслани.

Точката за разрешување на Вангеловски Судскиот ја разгледа зад затворени врати.

Освен Вангеловски разрешени се уште двајца други судии.

На одлуката на Судскиот совет, разрешените судии заедно со Вангеловски имаат право да поднесат жалба до Врховниот суд.

За в.д. претседател на Врховниот суд е избран Фаик Арслани.

Слични содржини