Фајзер достави податоци за ефектот на третата доза на вакцината

од Stefanija Kuzmanovska

„Фајзер“ и „Бионтек“ соопштија дека доставиле првични податоци до американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за поддршка на употребата на дополнителна, трета доза вакцина против ковид-19.

Оваа доза предизвика значително повисок одговор на антитела на почетниот вид на коронавирус, но и на варијантите Делта и Бета, во споредба со она што беше забележано кај луѓе кои примиле две дози, пишува Си -Ен -Ен.

Истражувањата покажаа дека третата доза е подеднакво ефикасна за сортата Делта и Бета, како и за оригиналниот коронавирус.

„Со оглед на високото ниво на имунолошки одговори, бустер дозата дадена во рок од 6 до 12 месеци може да помогне да се одржи високо ниво на заштита од ковид-19“, се вели во соопштението на компанијата.

„Првичните податоци покажуваат дека можеме да зачуваме, па дури и да надминеме високо ниво на заштита од вирусот со користење на третата доза од нашата вакцина“, додаде д-р Угур Сахин, извршен директор и ко-основач на „Бионтек“.

Третата доза на вакцината може да помогне да се намали стапката на инфекции и болести кај луѓето кои биле претходно вакцинирани, но и подобро би било контролирано ширењето на самите соеви во текот на следната сезона.

Податоците за третата доза се должат на зголемувањето на бројот на лица заразени со Ковид-19 и хоспитализациите во последните недели, особено кај невакцинираните.

Минатата недела, ФДУ и Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) одобрија и препорачаа трета доза од вакцината за лица со ослабен имунитет, кои најверојатно ќе имаат мал или немаат имунолошки одговор на првите две дози на вакцината.

Сепак, здравствените власти се фокусираа на поттикнување на невакцинирани луѓе да се вакцинираат и на тој начин да се заштитат од вирусот.

Слични содржини