„Фајзер“ и „Модерна“ ги зголемија цените на вакцините во договорите со ЕУ

од Nikola Popovski

„Фајненшл Тајмс“ објави дека компаниите „Фајзер“ и „Модерна“ ги зголемија цените на своите вакцини против Ковид -19 во најновите договори склучени со Европската унија.

Новата цена за вакцината „Фајзер“ е 19,50 евра во однос на 15,50 евра колку што беше претходно, објави весникот, повикувајќи се на деловите од договорот во кои имаше увид, пренесе „Ројтерс“.

Цената на „Модерна“ вакцината е 25,50 долари по доза, стои во договорите во однос на 19 евра во првиот договор за набавка, но помалку од претходно договорените 28,50 долари, бидејќи нарачката е зголемена, се наведува во извештајот, кој се повикува на службено лице упатено во елементите на договорот, пренесува Танјуг.

Слични содржини