Фајзер и Модерна ги зголемија цените на вакцините за ЕУ! Еве колку сега чини една доза

од desk4

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Модерна“ ги зголемија цените на своите вакцини „ковид-19“ во најновите договори за снабдување со земјите-членки на ЕУ, објави  „Фајненшл тајмс“.

Новата цена за вакцината на Фајзер сега изнесува 19,50 евра наспроти 15,50 евра, како што беше порано, пишува весникот, повикувајќи се на делови од договорот што биле дадена на инспекциски увид.

Новата цена на вакцината на Модерна по доза сега изнесува 25,50 долари (21,50 евра), а според првиот договор изнесуваше околу 19 евра. Сепак оваа цена  е помала од претходно договорената 28,50 долари (24 евра) бидејќи нарачките  се зголемиле во количина, стои во извештајот цитирајќи службеник запознаен со потпишувањето на договорот.

Европската комисија во вторникот соопшти дека ЕУ е на пат да ја постигне својата цел за целосно вакцинирање на најмалку 70 проценти од возрасната популација до крајот на летото.

Слични содржини