Фајзер испитува ТРЕТА ДОЗА од вакцината против корона поради појава на новите видови

од Stefanija Kuzmanovska

Фармацевтската компанија „Фајзер“ денес објави дека започнала со тестирање на трета доза од својата вакцина како дел од стратегијата за заштита од мутирани видови на коронавирус.

Здравствените власти велат дека првата генерација на вакцини против ковид 19 сè уште штити од видовите кои се појавија во различни делови на светот.

Меѓутоа, производителите почнуваат да се подготвуваат во случај да се појават видови на вирусот кои се поотпорни на вакцините, наведе „Ројтерс“.

„Фајзер“ соопшти дека 144 волонтери ќе учествуваат во испитувањето на третата доза за да се утврди дали дополнителната доза дадена шест до 12 месеци по првите два ќе го зајакне имунитетот доволно за да се одбрани од мутираниот вирус.

Слични содржини