„Фајзер“ ќе тестира нов лек против ковид-19 во Русија

од Milan1

Министерството за здравство на Русија и издаде дозвола на американската фармацевтска компанија „Фајзер“ да спроведе клинички испитувања на антивирусни лекови против ковид-19 во Русија, се наведува во државниот регистар на лекови, пренесува „Ведомости“.
„Инхибитор на протеаза плус ритонавир – ова е лекот (Paxlovid), кој го направи американска компанија и за превенција од коронавирус и за директен третман на пациенти со висок или среден ризик од тешка болест. Фајзер спроведува тестирање на лекот на глобално ниво“, пишува Ведомости.

Лекот ќе се тестира врз полнолетни Руси кои биле во контакт со 19 заразени лица.Тестирањето ќе се врши во 16 клиники во осум руски региони, а на нив ќе бидат ангажирани 90 лица. Во тестирањето на лекот ќе учествуваат вкупно 7.000 луѓе од различни земји во светот, најави за весникот „Ведомости“ претставникот на компанијата „Фајзер“.

Претходно, компанијата објави дека новиот антивирусен лек за третман на Ковид 19 по втората фаза од клиничките испитувања покажал дека го намалува ризикот од хоспитализација или смрт за 89 отсто. Исто така, беше прецизирано дека лекот може да се користи при појава на првите симптоми на коронавирусот или по контакт со пациентот без потреба од хоспитализација.

Слични содржини