„Фајзер“: Објавувањето на резултатите од вакцината немаа никаква врска со изборите

од Stefanija Kuzmanovska

Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, ги отфрли обвинувањата дека неговата компанија намерно го одложила објавувањето на резултатите за ефикасноста на вакцината за периодот по изборите во САД.

„Изборите можеби беа многу важни за претседателот, но не и за нас“, рече Бурла на настанот организиран од „Њујорк Тајмс“.

Извршниот директор на „Фајзер“ изјави дека никој не се обидел да го присили да направи нешто што е несоодветно и дека тој никогаш нема да го стори тоа, пренесува Ројтерс.

„Фајзер“ и „Бајонтек“ минатата недела изјавија дека вакцината што ја создадоа е ефикасна во 90 проценти од случаите.

Бурла претходно изјави дека неговите компании нема да имаат податоци за резултатите од тестовите до крајот на октомври. Резултатите конечно беа објавени на 9 ноември, помалку од една недела по претседателските избори во САД.

Доналд Трамп претходно во неколку наврати ја уверуваше јавноста дека резултатите за успехот на вакцината ќе бидат објавени пред изборите, а подоцна на Твитер напиша дека „Фајзер“ „немал храброст“ да ги објави резултатите пред изборите.

Слични содржини