„Фајзер“: Веројатно ќе треба и трета доза вакцина

од Vladimir Zorba

Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, рече дека на луѓето „веројатно“ ќе им треба дополнителна доза вакцина Ковид-19 во рок од 12 месеци за да бидат целосно вакцинирани.

– Исклучително е важно да се потисне „собирот“ на луѓе кои можат да бидат подложни на вирусот – изјави тој за CNBC за време на настанот „CVS Health“.

Тој додаде дека вакцините ќе бидат важна алатка во борбата против многу заразни варијанти на новиот коронавирус.

Фајзер на почетокот на овој месец рече дека ажурираните податоци од неговото клиничко испитување покажале дека неговата вакцина била многу ефикасна шест месеци по втората доза. Податоците се базираат на повеќе од 12.000 вакцинирани учесници. Потребни се повеќе податоци за да се утврди дали заштитата трае после шест месеци.

Претходно, главниот научен службеник во администрацијата на Џо Бајден за епидемијата, Дејвид Кеслер, изјави дека Американците треба да очекуваат да добијат дополнителни вакцини за заштита од нови варијанти на коронавирусот.

Кеслер им рече на американските законодавци дека моментално одобрените вакцини се високо заштитни, но истакна дека новите варијанти на корона може да „предизвикаат“ неефикасност на инјекциите.

„Во моментов не знаеме сè“, рече тој.

Слични содржини