„Фајзер“ започнува со тестирање на вакцината кај бремени жени

од Берта Китинска

Фајзер и Бионтек започнаа меѓународна студија со 4.000 волонтери за да се процени безбедноста и ефективноста на нивната вакцина врз здрави бремени жени, соопштија компаниите во четвртокот.

Бремените жени имаат поголем ризик да развијат посериозен облик на КОВИД-19, а многу здравствени работници препорачуваат одредени жени во ризични групи да примаат вакцина дури и без докази дека се безбедни за нив.

Минатата недела, Американскиот национален институт за здравство повика на поголемо учество на бремени жени и доилки во истражувањето на вакцината против КОВИД-19. Бројни здравствени експерти со години се залагаат бремените жени да бидат вклучени во раното тестирање на вакцините.

Иако има многу малку податоци за тоа како жените бремени и доилки ќе реагираат на вакцината против КОВИД-19, професионалните организации и некои лекари велат дека придобивките многу веројатно ќе ги надминат ризиците.

Слични содржини