Фановите го плукаат Канје: Каков е овој џентлмен?

Брачниот пар Кардашијан-Вест оваа недела два пати се избламирале во јавност. За тоа, виновен е Канје и неговото не џентлменско однесување кон сопругата кое камерите го забележале и поради што раперот се соочува со тон критики од фановите.

Прво, парот бил на кошаркарски натпревар, а Канје не ѝ го возвратил бакнежот додека камерата ги снимала, па Ким, на која очигледно ѝ било многу незгодно, го бакнала во образ.

После ова, на Инстаграм испливало видео од нивното патување во Париз на кое парот се бакнува во лифт, а потоа Канје излегува оттаму и ја остава Ким сама да носи торби, без да и ја придржи вратата.

Ова негово „џентлменско“ однесување, предизвика многу реакции на Твитер.

„Канје ја остави Ким во лифт со сите торби, дури и вратата ја затвори“, бил само еден од коментарите во тој стил.

Слични содржини