Фановите ја коментираа Кајли: Што се може да направи пластичната хирургија

Најмладата милијардерка на светот и релити ѕвезда, Кајли Џенер (22), ги збуни своите обожаватели откако објави свои фотографии во бикини.

Вниманието го привлекла бидејќи во преден план биле истакнати нејзините гради. Потоа, следбениците започнале да ги споредуваат нејзините стари фотографии со последните објави.

Тие забележале дека градите ѝ се значително зголемени, а таа и понатаму не признава дека ставила импланти.

„Изгледа прекрасно, но не може да се каже дека не ставила импланти“, „Чудо е што се може да направи пластичната операција и шминката“, гласеле коментарите.

Кајли негира било какви операции, а тврди дека носи градник од марката Victoria’s secret и користи лепливи траки кои ѝ ги подигаат градите, пишува Mirror. Таа признала само дека ставила филери во усната и лицето.

Меѓутоа, хирурците сметаат дека таа има направено неколку зафати, вклучувајќи и операција на носот.

Слични содржини