Силата се пробуди кај фановите на “Војна на ѕвездите”, кога ги бутнаа онлајн системите за продажба на билети во Велика Британија и САД. Манијата го достигна својот врв вчера и ја преоптовари мрежата за онлајн резервација на билети за долгоочекуваната премиера на меѓугалактичката сага на 18 декември.
Од кината соопштија дека огромната побарувачка на запалени фанови во САД и Велика Британија за првите проекции на “Војна на ѕвездите: Силата се буди ја преоптоварила мрежата.
“Кината се преплавија со молби за билети”, објавија од киното “Одеон”, едно од водечките синџири за фанови во Велика Британија, чии сајт исто така падна. Од кината објаснија дека се обидуваат да го поправат проблемот што е можно побрзо. Американските сајтови Fandango и MovieTickets.com исто така не работат, поради илјадниците фанови, кои се обидуваат да дојдат до билет.
Од “Vue Cinemas” во Велика Британија објавија дека фановите на Jedi разграбале 10 000 билети во првите 90 минути од излегувањето во продажба. Седмиот дел на фантастичната сага е долго очекуваниот филм на деценијата. Во улогите ќе ги видиме Харисон Форд, Марк Хамити, Кери Фишер, Адам Драјвер, Daisy Ридли, Џон Бојега, Оскар Исак, Лупита Нионго, Енди Сркис, Домнал Глијсон, Ентони Даниелс, Питер Мејхю и Макс вон Сидоу. Режијата е на Џеј Џеј Абрамс.