Фановите шокирани од новиот изглед на Деми Мур: Дали е ова најлошата пластична операција досега? (ФОТО)

од Nikola Popovski

Фановите се убедени дека актерката Деми Мур (58) имала уште една естетска корекција. Според бројните коментари кои се појавија на социјалните мрежи, тие воопшто не се воодушевени од оваа промена. Имено, многумина се согласија дека актерката претерала и дека изгледа целосно непрепознатливо.

Додека одеше по модната писта, фокусот не бил на креацијата, туку на нејзиното лице.

„Сигурно ги корегирала јаболчниците“, „Лекарот што ги направи овие корекции треба веднаш да му се одземе лиценцата“, „Не ѝ требаше ова“, се само дел од коментарите што се проширија на Интернет со неверојатна брзина.

Имаше и такви кои ја бранеа актерката и тврдеа дека тоа е поинаков начин на шминкање.

Слични содржини