Фатен бегалец од затвор, ќе биде спроведен во Идризово

од Vladimir Zorba

Полициски службеници денеска лишиле од слобода гостиварец баран со централна потерница за доиздржување на 15-годишна затворска казна.

-Денеска во 14:15 часот на бул.„Војводина“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Е.Д.(43) од Гостивар, со живеалиште во Скопје. Тој бил осуден на 15 години казна затвор за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Слични содржини