Фатен и убиен еден од мајмуните кои напаѓаат луѓе во Јапонија

од Stefanija Kuzmanovska

Еден од мајмуните кои со недели ги напаѓаат жителите на јапонскиот град Јамагучи е фатен и убиен, соопштија властите. Како што јави денеска Би-Би-Си, мајмуните макаки повредија речиси 50 луѓе во Јамагучи.

Еден од мајмуните бил фатен во дворот на средното училиште и бил идентификуван како дел од група која напаѓала луѓе.

Властите ги ловат мајмуните откако започнаа нападите врз возрасни и деца пред околу три недели. Повеќето повреди се мали гребнатинки и каснувања.

Потрагата по останатите мајмуни продолжува.

Слични содржини