Фатен крадецот на златен накит

од Берта Китинска

По преземени мерки и добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.А.(18) од Штип поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „разбојништво“ и кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на 16.09.2021 на подрачјето на Штип, каде со употреба на физичка сила од две возрасни жени одзел златeн накит. Од извршениот преглед кај Е.А. биле пронајдени и одземени парични средства со кои се стекнал од продажбата на украдените златни предмети, информираа од МВР.

Запознаен е Јавен обвинител и по целосно комплетирање на службениот материјал против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични содржини