Фатен криминалец осуден на шест години и 10 месеци казна затвор

од Nikola Popovski

На 19.04.2023 во 18.40 часот на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ч.(43) од Скопје.

Тој бил осуден на шест години и 10 месеци казна затвор за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 и „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на една година и 10 месеци од казната.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

Слични содржини