Фатен возач кој возел 212 километри на час на автопатот Тетово-Гостивар

од Nikola Popovski

Полицијата со помош на радар на автопатот Тетово-Гостивар открила возач кој се движел со 212 километри на час. Акцијата е спроведена во периодот од 12 до 20 часот.

Иако полицијата и во време на празниците будно ги следи сообраќајниците и редовно изрекува казни за несовесните возачи, тоа се чини не е доволно граѓаните да ги почитуваат законските прописи. Во текот на вчерашниот ден во полицискиот билтен топ три градови во кои не се почитуаат забраните за брзо возење се СВР Тетово -101, СВР Струмица -50 и СВР Велес -41 возач кој што ја пречекорил дозволената брзина.

Како што информираат од МВР дополнително во сообраќај биле затекнати 150 нерегистрирани возила, потоа, 243 лица не поседувале возачка дозвола за возилото со кое управувале, а 205 управувале со возилото под дејство на алкохол.

„Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли и во наредниот период. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и зааеднички да придонесеме за безбедност на улиците и патиштата“, стои во соопштението од министерството.

Слични содржини