Фатени 202 пребрзи возачи

од Nikola Popovski

Во текот на вчерашниот ден (07.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 202 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 118 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 84 надвор од населено место.

Од МВР информираат дека продолжуваат со акциските контроли и во наредниот период.

Слични содржини