jsp-avtobusi-postojki-7

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Н.И.Г.(42) и И.Н.Е.(21),бугарски државјанки, поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела ,,кражба“ (џепна) при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 4.000 денари за што од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка 1 година затвор, условно за 3 години, лицата се протерани и им е забранет влез во РМ во времетраење од 5 години. Двете кривични дела се извршени на пладне, една на подрачје на Центар, другата на подрачје на Аеродром во автобуси, на тој начин што искористувајќи ја гужвата со протнување на рака во ташните од оштетените одзеле паричници со пари и лични документи. Пријавените по извршување на второто кривично дело се симнале од автобус на автобуската постојка наспроти ТЦ Скопјанка и паричниците ги фрлиле во канта за ѓубре, при што биле забележани од страна на полициските службеници кои при проверка во кантите за смет ги пронашле паричниците, а додека пријавените откако приметиле дека се забележани од ПС се дале во бегство, и по кратко време истите биле фатени и лишени од слобода и приведени во ПСОН Аеродром, каде со потврда украдените паричници со пари и документи им се вратени на оштетените.

Слични содржини