Фаучи: Децата ќе ги вакцинираме кон крајот на пролетта или почетокот на летото

од Nikola Popovski

Клучниот експерт на американската влада за заразни болести, Ентони Фаучи, денес изрази надеж дека вакцинацијата на децата против коронавирусот ќе започне во САД кон крајот на пролетта или почетокот на летото.

Вакцините сè уште не се одобрени за употреба врз деца, според АП.

Во САД, околу 1,3 проценти од населението примило две дози вакцини.

Децата сочинуваат една четвртина од американското население, а од 70 до 85 проценти од населението мора да се вакцинираат за да се оствари колективен имунитет.

Фаучи изјави дека податоците за безбедноста и ефективноста на вакцините се собираат доколку се користат кај деца.

Вакцината на Фајзер е одобрена за лица над 16 години. Како следен чекор, Фаучи најави тестирање со цел да се вакцинираат деца постари од 12 години, а потоа постарите од девет години.

Во САД, околу милион возрасни се вакцинираат дневно.

Слични содржини