Фаучи: Колективен имунитет би значело многу страдања и смрт

од Vladimir Zorba

„Природно постигнување колективен имунитет во САД би значело многу страдања и смрт, и тоа би било неприфатливо“, изјави главниот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи за SirusXM денес.

„Во нашата земја досега се заразени само 10% или малку повеќе од населението и имаме 225.000 смртни случаи“, рече Фаучи.

„Ако сакаме да достигнеме имунитет од 75%, само помножете ги бројките и ќе видите колку смртни случаи се потребни за да се постигне колективен имунитет природно. Потребна ни е комбинација на имунитет постигнат преку жестока кампања за вакцинација, со заштита на оние кои за жал се веќе се заразени. Затоа вакцината е толку важна за постигнување побезбедна форма на колективен имунитет“, додаде тој.

Фаучи зборуваше и за фер дистрибуција на вакцините.

„Секако, вакцината ќе биде меѓу првите што ќе ја примаат здравствените работници, проследена со други работници за итни случаи и оние со ризични групи; оние со други смртоносни болести“, рече Фаучи, цитиран од Си-Ен-Ен.

Слични содржини