Фаучи: На некои Американци можеби ќе им биде потребна дополнителна доза вакцина против ковид

од Stefanija Kuzmanovska

Главниот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи во неделата изјави дека на имунокомпромитираните Американци можеби ќе им треба дополнителна доза вакцина против ковид-19, бидејќи САД се борат со зголемувањето на случаите на делта сојот на коронавирус.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Фаучи рече дека станува збор за „пациенти кои имале трансплантација, кои биле подложени на хемотерапија за рак, кои имаат автоимуни заболувања, кои се на имунотерапија“, велејќи дека тие биле „првите кандидати за можна трета вакцинација“.

Тој додаде дека здравствените власти разгледуваат и дали треба да се воведат упатства за носење маски и за вакцинирани Американци, велејќи дека тоа „активно се разгледува“.

Цитирајќи студии кои покажуваат дека можеби имало пад на имунитетот на вакцинираните лица, Фаучи рече дека американските здравствени власти ги прегледуваат податоците за да утврдат во кој момент ќе биде потребна ревакцинација.

Слични содржини