Фаучи повторно главен медицински советник во САД: „Науката во преден план“

од Stefanija Kuzmanovska

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, никогаш не ја напушти функцијата, но откако издржа скоро една година напади од страна на поранешниот претседател Доналд Трамп, тој сега повторно разговара со американската администрација со признат авторитет, пишува АП.

За време на претседателската кампања, Бајден вети дека ќе го назначи Фаучи за главен медицински советник кога ќе ја преземе функцијата, а 80-годишниот научник, кој служеше под седум претседатели, веднаш прифати и стапи во акција.

Тој го нарече тоа „ослободувачко“ и рече дека зад него сега стои администрацијата што ги прифати неговите препораки за борба против ковид-19.

„Една од новите работи во оваа администрација е дека ако не го знаете одговорот, не погодувате. Вие само велите дека не го знаете одговорот“, рече Фаучи за време на конференцијата во Белата куќа, пренесува агенцијата.

Фаучи јасно стави до знаење дека верува оти новата администрација нема да манипулира со различните пораки што доаѓаа толку често од тимот на Трамп, каде што научниот факт често се криеше поради политичките ставови на претседателот.

Враќањето на централната улога на Фаучи во борбата против ковид-19 е знак дека „науката што беше потисната сега е повторно во преден план“, според американските здравствени експерти, пренесува АП.

Слични содржини