Фаучи: Прерано е САД да прогласат победа над короната

од Stefanija Kuzmanovska

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи предупреди дека е рано за САД да прогласат победа над Ковид 19, иако бројот на заболени падна на најниски стапки од јуни минатата година.

„Не сакаме да прогласиме победа прерано, бидејќи сè уште имаме работа. Но, како што се повеќе и повеќе луѓе се вакцинираат, заедницата ќе биде побезбедна и побезбедна“, рече Фаучи во интервју за британскиот весник „Гардијан“.

Бројот на дневни случаи на ковид опаднал за 53 проценти од 1 мај, според Универзитетот Џон Хопкинс, но стапките на инфекции остануваат високи кај невакцинираната популација и има зголемување на новозаболени лица ширум светот.

„Сè додека постои одредено ниво на активност низ целиот свет, секогаш постои опасност од нови варијанти, што донекаде ја намалува ефикасноста на нашите вакцини“, рече Фаучи.

Слични содржини