Фаучи: Просечната возраст на новозаразените сега е за 15 години помала

од Nikola Popovski

Новозаразените со коронавирус во САД сега се помладите, кои во просек имаат 15 години помалку отколку пациентите во раната фаза на пандемијата.

Според главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи, ова го потврдуваат податоците за пациентите од Калифорнија, Аризона, Флорида и Тексас, а повеќето од новите случаи се млади луѓе кои не ги почитувале мерките за социјална оддалеченост, пренесува Би-Би-Си.

„Просечната возраст на пациентите сега е 15 години помала отколку што беше пред неколку месеци, особено во Њујорк, Њу Орлеанс и Чикаго“, изјавил Фаучи.

Гувернерот на Флорида, Род де Сантис, изјавил вчера дека просечната возраст на пациентите на кои им е потребна хоспитализација е 33, додека во март, пациентите на возраст меѓу 50 и 60 години биле претежно заболени.

Слични содржини