Фаучи: САД планираат намалување на препорачаното физичкото растојание

од Vladimir Zorba

Американските власти размислуваат за намалување на препорачаната физичка оддалеченост во борбата против коронавирусот, од два на еден метар, што би овозможило повторно отворање на училиштата, изјави денеска имунологот Ентони Фаучи. Физичката оддалеченост е најголемата пречка за повторно отворање на училиштата во САД.

Здравствените власти ги забележаа собраните податоци и се чини дека еден метар оддалеченост е доволен во одредени услови, рече Фаучи, советник во Белата куќа за епидемијата на коронавирус.

Фаучи за американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен изјави дека здравствените власти ги анализираат податоците и дека наскоро ќе дадат препораки.

Медицинскиот центар при Харвард објави неодамнешна студија спроведена во 251 училиште во американската држава Масачусетс. Во едната група имало училишта кои почитувале физичко растојание од два метра, а во другата од еден метар.

Центарот заклучи дека нема голема разлика во бројот на случаи на заразени со коронавирус помеѓу двете групи, но додаде дека ова важи под услов да се носат заштитни маски.

Најголемата пречка за повторно отворање на училиштата е физичката оддалеченост. Повторното отворање на училиштата низ Соединетите држави варира помеѓу државите, како и помеѓу јавните, приватните и верските училишта.

Слични содржини