Фаучи се сомнева во безбедноста на руските и кинеските вакцини против коронавирус

од Vladimir Zorba

Американскиот имунолог Ентони Фаучи изрази сомнеж за безбедноста на вакцините што во моментот се тестираат во Русија и Кина.

„Навистина се надевам дека Кинезите и Русите ги тестираат своите вакцини пред да им ги дадат на некој“, рече Фаучи во говорот пред Конгресот.

„Да се ​​каже дека постои вакцина подготвена за дистрибуција пред да се тестира, е нешто проблематично за мене, да не кажам нешто повеќе“, рече Фаучи, инаку директор на американскиот институт за заразни болести.

Тој додаде дека САД не треба да зависат од другите земји за вакцината.

Оваа недела Русија соопшти дека се надева дека ќе започне со индустриско производство на две вакцини против коронавирус, дизајнирани од научници од државните центри, од септември и октомври. Сепак, Русија не објави научни податоци со кои се потврдува безбедноста и ефикасноста на овие вакцини.

Неколку проекти покажаа охрабрувачки резултати, вклучително и оној во Кина, на кој заеднички работи Институтот за воени истражувања и фармацевтската група CanSino Biologics.

Кинеската војска ја одобри употребата на вакцината во своите редови кон крајот на јуни, иако конечните фази на тестирање на вакцините сè уште не се започнати.

Во западните земји, три вакцини се развиваат и се во првата фаза на човечко клиничко испитување.

Слични содржини