Фаучи: Се сомневам во ефективноста на руската вакцина (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи ја прокоментира руската вакцина во интервју за телевизијата „National Geographic“, кое ќе биде објавено во целост во четврток.

Каналот објави неколку тековни изјави дадени од Фаучи, а меѓу нив е и онаа за руската вакцина.

Фаучи рече дека сериозно се сомнева во тоа дека Русија докажала дека вакцината е безбедна и ефикасна.

„Се надевам дека Русите навистина докажаа дека вакцината е безбедна и ефикасна. Но, јас искрено се сомневам во тоа“, рече Фаучи, додавајќи дека да се има вакцина и да се докаже дека е безбедна и ефикасна, се две различни работи.

„Имаме десетици, можеби и повеќе вакцини. Можеме да започнеме со вакцинирање на луѓето следната недела без никакви проблеми. Но, тоа не е така. Особено ако не сакате луѓето да имаат какви било несакани последици заради тоа“, рече Фаучи.

Слични содржини