Фаучи соопшти кога очекува светот да се врати во нормала

од Nikola Popovski

Во Италија, бројот на заразени со коронавирусот расте, а добро познатиот американски инфектолог Ентони Фаучи, директор на Американскиот национален институт за алергии и болести (НИАИД) изјавил дека Италија „мора да биде крајно внимателна во оваа фаза, со оглед на тоа што заразата со коронавирус се шири во соседните земји и дека ова е време на голем предизвик бидејќи треба да се придвижи економијата“.

Фаучи учествувал на онлајн конференцијата „Frontiere – Festival di Salute“, организирана во Рим, и по тој повод соопштил дека враќањето во нормален живот може да се очекува на крајот на следната година, 2021 година, пренесуваат италијанските медиуми.

„Вакцинирање на 75 проценти од населението“

До тогаш, Фаучи препорачува строго почитување на пропишаните мерки – заштитни маски, физичко растојание, избегнување собири на голем број луѓе.

Според него, ефективната вакцина може да се очекува до крајот на оваа година.

Поголемиот дел од светската популација, тврди тој, може да се вакцинира во текот на следната година, но не и целата популација, како што е случајот со вакцината против сипаници.

„Доволно е да се вакцинираат 75 проценти од светската популација за да се запре ширењето на инфекцијата“, изјавил Фаучи.

Слични содржини