ФБИ ја уапси “очајната домаќинка“ Фелисити Хофман

од Vladimir Zorba

Актерката од серијата “Очајни домаќинки” Фелисити Хофман беше уапсена во вторникот од седум вооружени агенти на ФБИ.

Сопругата на актерот Вилијам Мејси е обвинета дека дала поткуп од 15 илјади долари, за да бидат фалсификувани резултатите од приемните студентски испити на 18-годишната нејзина ќерка.

Холивуд и целиот САД беа потресени од скандалозна шема која им помагала на голем број богати Американци да ги упишат своите деца на друг начин во најпрестижните универзитети во земјата како Јеил и Стенфорд.

Хофман учествувала во измамничјата шема која им дала можност на децата на над 500 Американци да влезат во многу елитни високообразовни институции без исполнување на академските услови.

Веб-страницата на TMZ открива дека агентите на ФБИ се појавиле во раните утрински часови во куќата на Хафман и Мејси, додека тие и нивните две ќерки спиеле. Извор близок до семејството, вели за медиумите дека 56-годишната актерка се предала мирно на властите.

Излегува дека десетици лица учествувале во заговор на национално ниво, како да се открие измамата на тестовите за прием во елитните колеџи и универзитети.

Слични содржини