ФБИ: Злосторствата од омраза во САД се зголемени за 11,6 отсто во 2021 година

од Vladimir Zorba

Злосторствата од омраза во САД се зголемени за 11,6 отсто во 2021 година во споредба со 2020 година, а најчесто се мотивирани од расни и етнички предрасуди, соопшти денеска ФБИ.

Во извештајот, ФБИ посочи дека пријавените случаи на злосторства од омраза се зголемиле на 9.065 во 2021 година од 8.120 во 2020 година.

Според објавените податоци, 64,5 отсто од жртвите во 2021 година биле мета поради расни предрасуди, етничка припадност или потекло, додека 15,9 отсто биле цел на насилство поради сексуална ориентација или верска предрасуда – 14,1 отсто.

Слични содржини