Федерер беше на чекор од елиминација, а потоа ривалот падна на теренот и во солзи го напушти натпреварот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Адријан Манарино го измачи Роџер Федерер во првото коло на Вимблдон, но тој не можеше да го заврши мечот.

Беше 2:2 (6:4, 6:7, 3:6, 6:2) во сетови кога францускиот играч реши да се повлече од теренот поради повреда.

Веќе во првото коло, швајцарскиот ас беше на големи маки и се поставува прашањето што ќе се случеше доколку Манарино не се повредеше.

Во еден момент, Адријан Манарино се лизна на тревата и се здоби со повреда на коленото, што му оневозможи да даде најсилен отпор, а потоа дури и да не го заврши мечот откако го загуби четвртиот сет.

Слични содржини