Федерер го прослави враќањето на врвот на АТП листата со титула во Штутгарт

од Vladimir Zorba

Откако ја пропушти сезоната на земја, Роџер Федерер ја заврши својата прва недела назад на теренот со нова титула.

На турнирот на трева во Штутгарт, 36-годишниот Швајцарец го прослави враќањето на врвот на светската ранг-листа што си го обезбеди вчера, со трофеј во германскиот град. Во финалето, Федерер го победи Милош Раониќ со 6:4, 7:6 (3) по 1 час и 19 минути игра.
Раониќ забележа 14 асови, но тоа не беше доволно за победа.
Тоа е 98. титула во кариерата на Федерер.

Слични содржини