Актуелно
Почетна / Спорт / Федерер ја призна доминацијата на Ѓоковиќ во последните години

Федерер ја призна доминацијата на Ѓоковиќ во последните години

Дваесеткратниот победник на Грен слем турнирите, Роџер Федерер изјави дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во последните години.

– Последните години се ера на Ѓоковиќ. Освен „Ролан Гарос“, затоа што таму владее Надал. Кога ќе погледнете наназад и гледате дека 4,5 – 5 години што не сум победил на Грен слем, луѓето скоро ми звучат како да играв ужасно. Имав тешка година во 2013 година со многу болки во грбот од Индијан Велс во текот на целото лето. Мислам дека успеав да продолжам затоа што верував дека сум многу добар и имав добар тим и никогаш не изгубив мотивација, изјави Федерер.

Швајцарецот има освоено рекордни 20 Грен слем титули, додека Ѓоковиќ 17.

loading...