Федерер на удар поради поддршка на расист

од Stefanija Kuzmanovska

Швајцарецот Роџер Федерер се најде под голем напад од критичарите поради неговата порака за поддршка на контроверзна личност во Австралија, пренесува „б92“.

Алан Џонс беше домаќин на радио програма, а тој е познат по своите расистички ставови и акции.

По 35 години работа, тој се повлече од таа работа и го заслужи признанието на Федерер.

„Ви посакувам се најдобро до крајот на животот. Честитки за успешната кариера“, рече Федерер.

Со овој потег веднаш ја налути Австралија.

79-годишниот Австралијанец во 2005 година дури и поттикна немири на улиците на Сиднеј, собрајќи дури 5.000 луѓе кои ги напаѓаа имигрантите и нивните потомци.

Исто така, видеото со пораката е отстрането од „Јутјуб“, но веќе е емитувано на австриската телевизија Скај.

Слични содржини