Федерер најавува крај на кариерата

од Stefanija Kuzmanovska

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер не е сигурен дали ќе стигне да се опорави за претстојниот Австралија опен, кој започнува во февруари.

Швајцарецот паузираше скоро една година поради повреди и операција на коленото и се веруваше дека ќе се врати токму за турнирот во Мелбурн.

Федерер вели дека сега се натпреварува со времето, меѓу другото и затоа што е на крајот на кариерата на 39-годишна возраст.

„Тоа е трка со времето. Секако, би ми помогнало ако имам малку повеќе време и ќе биде напнато. Се надевав дека ќе бидам сто проценти подготвен во октомври. Но, јас денес не сум на вистинското ниво. Ќе биде многу близу со Австралија опен“, изјави Федерер за швајцарските медиуми.

Тој дополнително ги подгреа сомнежите дали воопшто ќе се врати на теренот, иако неговото враќање се чинеше сигурно.

„Се надевам дека остана уште нешто што ќе видиме од мене во новата година“, рече Федерер. Само неколку дена порано, Роџер ја „репостира“ најавата на АТП и напиша дека е возбуден поради сè што следува.

Сепак, тој не е незадоволен од постигнатото досега, по втората операција во јуни.

„Мојата втора операција беше голем чекор назад, но претходните месеци поминаа во постепено подобрување. Не брзаме, но следните два-три месеци ќе бидат клучни“, вели Федерер.

Слични содржини