Федерер: Најлошото е зад мене, потребно е малку повеќе трпение

од Vladimir Zorba

Роџер Федерер се појави во јавноста и уште еднаш ги отфрли сомнежите дека не планира да се врати на најголемата сцена.

Се шпекулираше за тоа откако неодамна ја направи третата операција на коленото за само година и пол.

Неколку дена пред почетокот на Лејвер Купот, турнир што го организира заедно со другите партнери, Федерер рече дека е оптимист за иднината, и покрај фактот дека минал низ тешки времиња.

„Најлошото е зад мене. Со нетрпение очекувам се што следи “, рече освојувачот на 20 Гренд слем турнири.

„Кога ќе се вратите по повреда, секој ден се чувствувате подобро отколку порано. Ова е возбудливо време“.

На 40 -годишна возраст, тој се уште го чувствува пламенот внатре, поради што сака да биде најдобар во она што најмногу го сака – да игра тенис.

„Ќе биде предизвик да се вратам на сцената. Сакам што поскоро да се вратам на физичката обука и на теренот, но потребно е малку повеќе трпение. Денот кога ќе започнам повторно, ќе биде тежок и важен ден“, рече Федерер, кој признава дека сака повторно да игра на Лејвер Купот, во 2022 година во Лондон.

Иако играше со проблеми со коленото во првиот дел од сезоната, успеа да се пласира во четвртото коло на Ролан Гарос и четвртфиналето на Вимблдон.

Сега неговата цел е да игра на Австралија опен, средината на јануари.

Слични содржини