Федерер неочекувано опериран, ќе го пропушти Роланд Гарос

од Nikola Popovski

Еден од најдобрите тенисери во историјата на Роџер Федерер, неочекувано беше подложен на операција.

Швајцарецот имаше операција на десното колено и ќе паузира до почетокот на сезоната на тревна подлога, или до Вимблдон.

Федерер претходно објави дека најверојатно ќе ја промаши сезоната на земјена подлога, но сега е јасно дека тој нема да игра во Дубаи на крајот на февруари, како и на првите Мастерси оваа година во Индијана Велс и Мајами.

„Десното колено ми пречи веќе некое време. Се надевав дека ќе помине, но откако се прегледав и разговарав со мојот тим, решив да направам артроскопска операција во Швајцарија. “За жал, нема да играм во Дубаи, Индијан Велс, Богота, Мајами и Ролан Гарос. Едвај чекам да заиграм повторно, ќе се видиме на трева“, рече Федерер.

Швајцарецот ја пропушти комплетната сезона на земја во 2017 и 2018 година, а минатата година одигра само два турнира на таа подлога пред да се појави на Ролан Гарос.

Минатата недела објави дека ќе се натпреварува само во Париз, но сега исто и тоа „падна во вода“.

Слични содржини