Федерер пцуеше, згодната српска судијка му одржа лекција (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Маријана Вељовиќ, згодната српска судијка го водеше мечот меѓу Сандгрен и Федерер на Австралија опен, а за време на дуелот имаше полни раце работа.

За време на вториот сет Федерер беше исклучително нервозен, Сангрен направи пресврт и почна да доминира, со што Швајцарецот не можеше да се помири. Тој упати пцовки, а линискиот судија ги пријави кај убавата Маријана.


Вељовиќ потоа му одржа лекција на Роџер напоменувајќи дека соработничката од линијата кристално јасно слушнала. По тој инцидент федерер зема лекарски тајм аут, беше јасно дека не може да се носи со разорниот сервис на Американецот. Но на крај феноменалниот Роџер успеа да слави.

На Твитер сите љубители на тенисот беа маѓепсани со убавината на Маријана.

Слични содржини