Федерер се откажа од турнирите во Торонто и Синсинати поради проблеми со колената

од Stefanija Kuzmanovska

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер нема да игра на АТП турнирите во Торонто и Синсинати поради проблеми при неговото закрепнување од повредата на коленото. Од истите причини, Федерер се откажа од учеството на Олимписките игри во Токио.

Продолжуваат проблемите на легендарниот швајцарски тенисер, кој очигледно тешко се опоравува од проблемите со повредата на коленото.

Роџер Федерер имаше две операции на колената во 2020 година и се обиде да се врати на теренот во март 2021 година на турнирот во Доха. Потоа учествуваше на уште четири турнири и стигна до четвртфиналето на Ролан Гарос и Вимблдон.

Сепак, неговото закрепнување не помина според планираното, бидејќи тогаш се откажа од учеството на Олимписките игри, а сега најави и отсуство од турнирите во Торонто и Синсинати.

Слични содржини