Федерер: Злато во Токио е една од моите главни цели

од Stefanija Kuzmanovska

Роџер Федерер не сме го виделе на теренот од февруари поради две операции на коленото, а во неформалниот разговор на Интернет со Кеи Нишикори, тој откри една од главните цели за 2021 година.

Меѓу бројните теми се издвои приказната за Олимписките игри во Токио, кои беа одложени за една година, поради пандемијата на коронавирус.

Федерер треба да биде на теренот на почетокот на следната година, а една од најголемите цели е неговиот напад за олимписко злато:

„Планот е да бидеме таму на Олимписките игри. Знаете, тоа е мојот голем план“, рече Федерер.

Звучи малку неочекувано, но пандемијата на коронавирус дојде во вистинско време за Федерер, кој се опоравуваше од повредата и операцијата на коленото. Ова го натера да не загуби голем број поени и да остане меѓу најдобрите пет во светот.

„Можеби звучи себично да се каже дека не е лошо што е преместено, поради проблемите што ги имав оваа година. Беше голем шок за сите нас кога Вимблдон беше откажан поради пандемијата, а потоа и Олимписките игри наскоро после тоа“, изјави освојувачот на 20 гренд слем титули.

На крајот, Швајцарецот потврди дека ќе биде максимално мотивиран да направи одличен резултат во Јапонија, исто како Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

„Да се ​​надеваме на најдоброто кога станува збор за Олимписките игри што се одржуваат во Токио. Тоа е една од моите големи цели. Навистина се надевам дека ќе успеам да се вратам таму“.

Федерер го освои златото на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, но во двојки со Стен Вавринка. Тој освои сребрен медал во сингл во 2012 година, кога Енди Мареј беше подобар во финалето пред домашната публика.

Слични содржини